Од 1-ви декември субвенционирана струја ќе добиваат 233 основни и средни училишта, 50 водоснабдувачки претпријатија и 235 фирми од прехранбената индустрија. Училиштата и претпријатијата струјата ќе ја плаќаат по цена од 95 евра за мегават час, додека на компаниите кои произведуваат храна струјата ќе им се наплаќа по 80 евра.
Оние кои не поднеле комплетни документи, може да ги соберат во наредниот период и да бидат на листата за субвенционирано снабдување од први јануари.
Директорот на ЕСМ тврди дека домашните енергетски капацитети ја обезбедуваат потрошувачката на струја за домаќинствата и малите потрошувачи. Компанијата има план за купување струја и во месецот што претстои.
Од Владата велат до крајот на месецов ќе се усвои акциски план за дополнителни мерки за поддршка на граѓаните и малите и микрокомпании кои вработуваат повеќе луѓе, а се помали потрошувачи на струја.
Анита Димитријевска Велковска