Поглед:
13
Академска истрага денеска покажа дека норвешката министерка за здравство Ингвилд Кјеркол лажирала делови од нејзиниот магистерски труд, што е втор ваков случај годинава поврзан со владата во Осло.
Истрагата на Универзитетот Норд од Боде покажа дека тезата на Ингвилд Кјеркол од 2021 година содржи „многу посериозни грешки“.
Заклучокот на истрагата е дека на Ингвилд Кјеркол, која на министерската позиција доаѓа од октомври 2021 година, ќе и биде одземена магистерската диплома по здравствен менаџмент.
Четириесет и осумгодишната Ингвилд Кјеркол претходно тврдеше дека таа и нејзиниот коавтор не ги копирале тезите на друг студент од 2015 година, според АП.
Во јануари, норвешката министерка за високо образование, Сандра Борк, поднесе оставка, откако беше откриено дека во својот магистерски труд препишала делови од друг авторски труд, вклучително и печатните грешки.