6.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

Никој не ја сака Теута освен ДУИ

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
569


Никој не ја сака Теута освен ДУИ

пишува м-р Лyлjета Аjpyлаи, копретседател на Женски Концепт

Фамозната Теута Арифи од ДУИ, која два мандати беше градоначалничка на Тетово, ќе биде запаметена по тоа што за време на нејзиниот мандат, Тетово успеа да го претвори во вистинска депонија во секој аспект. И не само депонија туку и општина со големи злоупотреби на општинскиот буџет, каде царуваа корупцијата и непотизмот.

Општина каде живи изгореа 14 луѓе во модуларната болница и никој не понесе одговорност.

Конечно на последните локални избори Тетовчани се изборија и се спасија од Теута. Таа и нејзината партија ДУИ беа поразени и тоа беше убав почеток за Тетово.

Но и Теута не се разочара и не се насекира многу што изгуби, затоа што си виде шанса за себе да биде назначена на нова добра функција. Така оди тоа во ова земја, колку што си поголемо ѓубре на функцијата што ја извршуваш, толку ќе те назначат на друга повисока функција, а доколку си од ДУИ тоа оди по автоматизам.

Па така министерот за надворешни работи, “пациентот” Бујар реши тајно (јавно не признава), Теута Арифи да ја прати амбасадорка. Почна со Вашингтон од каде добија негативен одговор. Продолжи со Брисел од каде исто така добија корпа.

Но Буки и Тути се упорни во својата глупост, па пробале и во Анкара од каде исто така ги одбиле. Никој не ја сака Теута.

Па нормално, лицата со биографија како Теута или Бујар во нормални држави не можат да бидат на високи државни функции, туку само станари во казнено поправни установи. Но тоа важи за нормални држави, а не за ненормални како што е нашата земја во секој сегмент.

Штом веќе има таква надлежност, нека проба Буки да ја прати Тути за амбасадор во уште 5-6 други земји, нека се избрукаат до крај и така немаат срам.

А потоа, бидејќи само ДУИ ја сака Теута нека ја изберат за претседателка на партијата, заслужува жената, ги исполнува сите критериуми. Тути за ДУИ, ДУИ за Тути.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО