Нема мнозинство во Собранието.
Ова го тврди Зеќирија Ибрахими од Алтернатива.
Тој вечерва за ТВ21 ја потврди информацијата дека деновиве имало средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и коалициските партнери – лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на Алтернатива, Африм Гаши.
На истата, според Ибрахими, се отворило како прашање тоа дека можно е да нема мнозинство во Собрание, затоа е потребно да се прошири коалицијата и со Алијанса за Албанците.
„Ние кога станавме дел од оваа Влада потпишавме договор за коалицирање и тој договор треба да се почитува. Нашите пратеници се стабилни и се дел од владиното мнозинство. Што се случи во меѓувреме? Каде исчезнаа пратениците? Тоа ние не го знаеме. За тоа нека размислуваат тие што изгубија пратеници“, вели Ибрахими.