-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Нема лабаво…ПРИВЕДЕН ОПОЗИЦИОНЕР!

ТОП ВЕСТИ

Руските власти денеска го приведоа опозиционерот Леонид Гозман, кој неодамна се врати во Москва од странство, што, според аналитичарите, е уште еден во низата потези во рамки на немилосрдното потиснување на неистомислениците од страна на државата. По неколку часа тој бил ослободен.


Гозман, уапсен по налог на руското Министерство за внатрешни работи, во текот на кривичната истрага против него, е обвинет за кршење на законот според кој руските граѓани треба да ги информираат властите дека имаат државјанство на друга земја или дозвола за престој во странство.

Доколку биде прогласен за виновен, либералниот политичар Гозман може да биде осуден на парична казна или општествено корисна работа.

Гозман, гласен критичар на рускиот напад врз Украина, ги информирал руските власти дека има и израелско државјанство, но тие тврдат дека тоа не го сторил во предвидениот рок.

Тој ја напушти Русија по почетокот на нападот врз Украина на 24 февруари, но се врати во јуни, што го опиша како „морален” избор, пренесува Бета.

Годинава Министерството за правда на Русија го стави Гозман на листата на „странски агенти”, која има погрдна конотација и подразбира поде тален надзор врз поединец или организација.

Адвокатот на Гозман, Михаил Бирјуков, изјави дека неговиот клиент бил уапсен во московското метро со помош на системот за препознавање лица и одведен во полициска станица. Адвокатот вели дека против неговиот клиент е поведена кривична постапка.

The post Нема лабаво…ПРИВЕДЕН ОПОЗИЦИОНЕР! appeared first on МКДенес.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО