-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Нема договор меѓу „Слобода превоз“ и Град Скопје, Градот засега нема средства за подмирување на долговите

ТОП ВЕСТИ

Нема договор помеѓу приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје. Директорот на претпријатието, Ленин Јовановски, најави дека автобусите на линиите кои не сообраќаа денеска, нема да сообраќаат и утре, а за другите линии ќе се одлучи по средбата со превозниците.


– Иако состанокот беше напорен и траеше толку долго за жал не можам да кажам дека се договоривме за нешто конкретно. Заклучокот беше дека Градот Скопје во моментов не може финансиски да помогне и да гарантира со одредена сума заради тоа што ребалансот на буџетот сеуште не е поминат и единствено што може да се зборува за решавање на состојбата е дури после 40 дена со новиот буџет, изјави Јовановски по средбата со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров.


Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, денеска не возат поради заостанат долг од Град Скопје кон приватниот превозник.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО