Променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во следните денови времето претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.