10.8 C
Skopje
среда, април 10, 2024

НЕ црна туку МОРБИДНА ви е кампањава!

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
2



пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

НЕ црна туку МОРБИДНА ви е кампањава!

Морбидна ви е кампањата СДС! Никако да ви дојде памет дека со ваквите инженеринг-мисии нанесувате само ЗЛО во државава?! Го заборавивте исходот од инженериг-мисијата ВЕРУШЕВСКИ – ПАЛЧО – ИНФОМАКС!? Да ве потсетам, „хранејќи го“ тој лик кој под превезот на заштитен од власта ви служеше за отстрел со неистомисленици, поточно за ЗАМАЈУВАЊЕ на јавноста додека ГО УРНИСУВАВТЕ државниот систем! Ја замајуваше јавноста додека ЈА ПРОДАВАВТЕ ДРЖАВАТА! Ви служеше за хејтање и закани, да беседи по разно-разни подкасти, да плаши народ со морбидни слики и монтирани снимки.

Требаше да ви ја покрие НЕСПОСОБНОСТА за да можете мирно да ашикувате по институции се додека не се задоволите! Требаше да прави ШОУ катадневно за народот да заборави на ЖРТВИТЕ кои настанаа заради вашата НЕКАДАРНОСТ! Требаше да заборавиме на оние кои живи изгореа во модуларната болница или оние од БЕСА ТРАНС! Требаше да ви ги покрие жртвите од ДУРМО ТУРС!? И што направивте? Уште жртви! Ете тоа направивте.

Сега продолжувате? Со целиот ризик и око не ви трепнува?

Сега го злоупотребувате „новинарот“ и вршите притисок во јавноста не оставајќи ја полицијата да си ја заврши работата за да има што да зборувате по митинзи? Престанете со МОРБИДНАТА кампања додека е време. Не произведувајте нови „ПАЛЧОВЦИ“ зошто „Кој со ѓаволот тикви сади, тој самиот од глава си ги крши“!

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО