Топланата „Скопје-Север“ повторно во проблеми.
Од петокот, објектите приклучени на системот на парно греење, домаќинствата, образовните и здравствените установи се во ладно…
Денеска училиштата го прекинаа и наставниот процес.
На ова со реакција се јавија и од Движењето Беса.
Од таму велат дека општина Чаир, Град Скопје и Владата се неспособни да се справат со проблематичните состојби кои ги создаваат самите тие преку нивните институции.
„Како што предупредивме пред неколку недели општина Чаир, Град Скопје и Владата се целосно неспособни да се справат со проблематичните состојби кои самите ги создаваат преку институциите на овие три државни органи. Децата кои следат настава во основните училишта во Чаир, како и детските градинки веќе втор ден немаат греење во овие објекти. За жалење е што во моменти кога има климатски промени и децата се почувствителни на сезонски грип, во училиштата на општина Чаир да нема елементарни услови за следење на образовниот процес“, вели Ваљон Бела.