11.8 C
Skopje
среда, април 26, 2023

НАРОДНА ТРИБИНА утре во Битола, овие се темите за дискусија

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
2


Утре (27.04.2023) во 18ч во Хотел Капри во Битола ќе се одржи НАРОДНА ТРИБИНА на која ќе бидат отворени неколку теми – Решенија од проектот #Рестарт ЗА Македонија на Македонски Концепт.

Трибината ќе започне со промоција на проектот „Бесплатна струја за секое семејство“, кој беше минатата недела промовиран во Скопје и со кои детали поблиску ќе се запознаат граѓаните од Битола и регионот, преку излегување на Татјана Трајковска, професионалец за јавни финансии и банкарски системи, дипломиран економист.

Тој проект нуди решение како да се прекине кражбата на електрична енергија и плаќање на истата од граѓаните кои чесно подмируваат сметки, преку тарифата “загуби во пренос“, а во исто време преку државна поддршка од незначителни средства за Буџетот на РМ, ќе се постигне бесплатна струја за секое семејство во рамки на просечната потрошувачка.

За прв пат, токму во Битола, градот кој е уништен од корупција, Македонски Концепт ќе го промовира проектот „Контролна Влада“, со кој ќе се постигне состојба на „држава без корупција“. На темата ќе презентира м-р. Владо Бангиевски, адвокат и активист за правна држава.

Еконимскиот раст и развој е во фокусот на интерес на граѓаните, а најголем број проекти од #Рестарт ЗА Македонија се однесуваат на таа проблематика. Визијата на Македонски Концепт е капитални ивестиции во четири области: храна, туризам, ИТ, енергетика.

Во Битола ќе биде презентиран проектот „Поврзана Пелагонија“ од делот за инфраструктура – ремномерен регионален развој, од страна на д-р. Оливера Клинчарова, доктор по економски науки.

Влезот во ЕУ и предизвикот дали Граѓански Устав ќе донесеме во 2023 година или ќе останеме надвор од Унијата зад Албанија и Србија, ќе говори лидерот на партијата Македонски Концепт Петар Богојески, докторанд по политички и економски науки.

На трибината ќе се обрати и д-р. Стефан Талев, во име на домаќините од Битола, граѓаните од регионот и ќе ги изнесе нивните потреби.

Предвидена е слободна дискусија од сите присутни, со отворени прашања и одговори.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО