-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

На трпезите на граѓаните се помалку месо – цените одат нагоре, на јунешкото месо достигна 800 денари

ТОП ВЕСТИ

На трпезите на македонскиот граѓанин се помалку месо. Причина, поскапувањето.


Посетивме неколку месарници во градот, а цените кои што ги затекнавме се далеку повисоки од пред неколку месеци. Колку за илустација, јунешкото место се продава за цена од 570 до 790 денари, а свинското од 340 до 410 денари. Кај цената на месото е забележан пораст за3.6 % во октомври во споредба со истиот месец минатата година- според ДЗС.


„Спрема можностите некогаш купувам некогаш не. Не она што беше пред тоа. За 30% е намалена количинатаа која ја купувам. Сега земав мелено месо мешано 300 грама, 90 денари“.

„Не смеам да купам, страшна работа. Сега со исклучување на фрижидери храната е расипана. Па и цената е висока. Доаѓаат празници, Нова година, ќе има ли на трпезата? Ќе земеме нешто, ама тешко. Ќе земеме ребренца малку од малку“.

„Јадам, ама сега за сега сурово месо не. Зошто ? Дека е поскапено?А тоа веќе отишло бескрај. Купувавме сега нема“.

Во најавеното намалување на цените на некои основни продукти министерот Бектеши рече дека очекува да се намали цената на млекото. Имаше и преговори со месната индустрија и тие да добиваат субвенционирана струја, со што би се намалила цената за крајните потрошувачи, но цените остануваат исти. 120 килогами месо по жител троши САД годишно, а 80,6, килограми ЕУ-според податоците на „Слоу фуд“. Останатата популација во светот јаде многу помалку.

Извор: ТВ21

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО