Поглед:
25
-На Македонија и е потребно обединување, на Македонија и е потребен претседател којшто ќе биде обединител и на Македонците и на сите етнички заедници во државата. Во оваа прилика сакам до честитам и денешниот голем празник Курбан Бајрам на сите припадници на исламската вероисповест, рече Димитриевски.
Ќе водиме позитивна кампања, ќе работиме на обединување на македонскиот народ и македонските граѓани во целост. Нашата цел не е да ги делиме граѓаните по политичка, верска или било која друга основа, нашата цел е да ги обединиме, порача вечерва од Штип, кандидатот за претседател на ЗНАМ Максим Димитриевски, кој кампањата ја води под мото „Максимум за Македонија“. Тој во своето обраќање, по повод отварањето и на првиот изборен штаб на ЗНАМ во Штип истакна дека во оваа држава има околу 1,5 милиони граѓани, но како што рече премалку сме и доволно е граѓаните да се делат.