Имамот од Албанија, Ахмед Калаја, вчера беше запрен на граничниот премин Ќафасан и не му беше дозволено да влезе во Македонија. Во неговото објавено видео, тој објаснува како се случило.
Бил поканет да учествува во една од вечерните клањања за Рамазан во село Бојане – Скопје. Калаја вчера ја објави документацијата каде се објаснува неговата забрана при што меѓу другото пишува дека претставува опасност за јавниот ред, националната безбедност, јавното здравје и меѓународните односи на Северна Македонија.
„Се нема случено да патувам во Македонија а да нема доцнење. Уште првиот пат кога патував, мојот студент се женеше, чекав 6 часа на граничниот премин на Северна Македонија. Пет години по ред ме запира полицијата. Пред месец дена бев да одржам предавање и имав информации дека сите забрани се укинати и дека моето име е избришано од листата. Кога отидов денеска му беше дадено оваа писмо кое е дискриминирачко“, вели Ахмед Калаја.
Претходно во ФБ статус тој истакна дека тоа се шовинистички политики на земјата.
„Балкан опен; Отворениот Балкан е премногу добар за да биде вистинит; дека еден ден можеме без пречки да ги преминеме границите. Сум патувал насекаде низ Европа и Британија и нема проблем. Сепак, шовинистичките политики на државата Северна Македонија кон Албанците немаат потекло. И покрај тоа што бев официјално поканет, сите институции беа свесни. Причината за забраната е наведена во писмото; и нормално немаш каде да се жалиш освен на Бога; да им се одмазди за ова невидено монструозно арогантно однесување. Можеби ќе реагираат исламските претставнички институции во двете држави, народниот правобранител, министерството за надворешни работи, државата.
Сочувство до верниците и граѓаните на Скопје до монструозните политики на тие што ги водат. Прифати брзо и не ги заборавај од твоите молитви и ние, кои со копнежно срце тргнавме по тебе и не можевме да дојдеме“, вели тој.