На граничниот премин „Богородица“ вечерва времето за чекање за влез во државава е повеќе од еден час, информираат за МИА од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму посочуваат дека слична е состојбата и на граничниот премин „Табановце“, а причината, како што велат, најверојатно е користењето на продолжен викенд од страна на граѓаните.