Поглед:
13
Бројот на Русите мобилизирани за учество во специјална воена операција во Украина достигна 318.000 благодарение на посветеноста на доброволците.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека бројот на мобилизирани Руси за учество во „специјалната воена операција“ достигна 318.000. Тој рече дека тоа се случило благодарение на посветеноста на волонтерите. Откри и дека бројот на волонтери не се намалува.
„Веќе имаме мобилизирани 318.000. Зошто 318.000? Затоа што доаѓаат нови волонтери. Бројот на волонтери не се намалува“, рече Путин, а пренесува руската новинска агенција „РИА Новости“.
Според претседателот на Русија, 49 илјади луѓе веќе извршуваат борбени задачи во руските трупи. Останатите наводно се ангажирани на обука.
„Ова е многу голем број луѓе. Оставија семејства – мајки, татковци, деца, сопруги. Се разбира, државата прави се за да ги поддржи“, додаде Путин.