2.8 C
Skopje
четврток, април 6, 2023

MКОНЦЕПТ со поддршка за АНТИКОРУПЦИСКАТА акција на САД

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
12


СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ од партијата Македонски Концепт, го пренесуваме во целост:

05 ДЕКЕМВРИ 2022 ГОДИНА

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ СО ПОДДРШКА НА ИНИЦИЈАТИВАТА НА САД ЗА БОРБА СО КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Политичката партија Македонски Концепт со внимание ги следи последните случувања со наводната борба со криминал и корупција во земјава.

Единствено освежување во таа досега квази битка е иницијативата на САД, кои преку нивната амбасада во Скопје даваат нов импулс и ветуваат нови иницијативи за сузбивање на корупцијата и организиран криминал на највисоко ниво.

Македонски Концепт ја поздравува американската иницијатива во таа насока, со сугестија вниманието на акцијата да се фокусира на врвот на МВР и политичките елити во земјава, од каде извира енормна корупција и се организира тој криминал.

Ние како држава, за жал не покажавме капацитети да се избориме со криминалното ропство под кое пишти нашиот народ, а секоја надворешна помош за наше ослободување е добредојдено, особено кога доаѓа од земја пријател и докажан македонски партнер како САД.

Искажуваме надеж за системско решение и изградба на национални капацитети, сами без надворена поддршка, да се бориме со оваа наша најтешка болест во иднина.

Тим за комуникација со јавност, Македонски Концепт

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО