Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе донираат генератори за македонското министерство за внатрешни работи.
„За да нема такви проблеми во иднина, подготвени се три генератори кои ќе бидат подарени од Министерството за внатрешни работи во понеделник и тие ќе бидат дадени за точно три гранични пунктови за да нема слични проблеми во иднина“, истакна Иван Демерџиев.