Поглед:
2
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш по враќањето од одморот во Крашиќи, Црна Гора во изјава за медиумите истакна дека доколку макар еден пратеник од опозијата гласа за пормена на Уставот и влез на Бугарите во истиот тој момент ќе си замине од политика.
„Првиот браник е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјавите имало пратеници, од раководството итн. Нема такви. Еве јас тука сакам да ја затворам таа тема по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема. Јас гарантирам.
Ако гласа некој за промена на Уставот, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката. Никогаш повеќе нема да се занимавам со политиката, ако јас додека сум претседател под овие улови биде променет Уставот“, вели Мицкоски.
Според првиот потпретседател на Владата и министер за трошење пари за партиски цели, Артан Груби кај опозицијата има луѓе кои сакаат да се продолжи со евроинтеграцијата на земјата и да ги поддржат уставните измени во параламентот.
Според кажаното од господин Мицкоски, само еден глас од еден пратеник од ВМРО ДПМНЕ е доволен за негова политичка пензија.
Со оглед на составот на пратеничката група и коалиционите партнери, такви пратеници ги има во поголем број. Дали на Мицкоски му се здосади од политика и купени пратеници?