Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја распали скарата.
Како што вели, за секој 1-ви мај и Велигден токму тој е членот на семејството кој е задолжен за скарата.
„Од сирна недела, па Прочка, сѐ до Христовото Воскресение, пост за мир во душата, Бог да помага секому. За Велигден или 1 Мај јас сум задолжен за скарата. Во ова динамично и турбултентно време, времето поминато со семејството ги полни батериите за предизвиците што следат.
Христос воскресна! Имајте радосни и среќни моменти каде и да се наоѓате“, вели Мицкоски.