15.8 C
Skopje
понеделник, април 17, 2023

Меџити за лекот „Трикафта“: Ние не одлучуваме кој пациент ќе го прими лекот, за тоа одлучуваат експертите во здравството!

ТОП ВЕСТИ

Министерот Фатмир Меџити денеска во Тетово зборуваше и за проблемот со набавка на лекот трикафта.


-Од првиот ден сме информирани за се. Веднаш се зафативме за овој проблем за да го решиме долгорочно и квалитетно за пациентите да добијат подобар лек. Ние тогаш, заедно со премиерот и Владата, обезбедивме лек за осум пациенти и за четири други пациенти. Нема да застанеме тука но верувајте дека нема комисија за цистична фиброза, нема протоколи, нема процедури, изјави Меџити.

Пред три-четири недели, нагласи, формиравме комисија за цистична фиброза и повикавме претставници од сите засегнати страни, а ќе има и претставник од организацијата за цистична фиброза за овој проблем еднаш за секогаш да го решиме.

-Но, не сме ние тие кои одлучуваат кој пациент ќе го прима лекот. За тоа го одлучуваат експертите во здравството и ние тука не можеме да се мешаме, посочи Меџити.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО