-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Маричиќ: Потребен е сериозен политички консензус за иднината на земјата

ТОП ВЕСТИ

Северна Македонија веќе го потврди европскиот пат, но сега треба тој да се задржи стабилен, за што е потребен сериозен политички консензус околу прашањето за иднината и правецот на движење на земјата во следните 10 години, смета вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.


– Тоа е темелот и предуслов за успешно заокружување на овој национален проект, рече Маричиќ за годишниот мултимедијален јавен настан на ЦИВИЛ – „Перспективи 2023″.

Тој додаде дека граѓаните бараат и сакаат концепт кој носи извесност, реформи, неповратни фондови за развој на земјата и затоа, според Маричиќ, ова ќе биде година која ќе им потврди на граѓаните кој е искрен во намерите за трансформација на македонското општество на подобро, а кој бега од промените кои ги носи процесот на преговори.

– Политичко обединување и гаранција дека нема да стагнира земјата и дека ќе продолжи да се движи по патот кој носи стабилност, просперитет, нови можности и кој гради уредена држава, во која има функционални демократски институции, посочи Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека ова е време кога треба да се надминат тесно-партиските интереси и да не дозволиме после 17 години поминати во „чекалната” на ЕУ, да се однесуваме неодговорно и да се доведеме во ситуација домашен политички фактор да биде кочница и да ја блокира државата на патот кон ЕУ.

– Очекувам годинава за Северна Македонија да биде уште поуспешна од претходната и да ја завршиме со одржување на втората Меѓувладина конференција и отворање на првиот Кластер, вели Маричиќ.

Оценувајќи ја минатата година, вицепремиерот Маричиќ рече дека 2022 беше динамична и година со многу предизвици и неизвесност, како дома така и на меѓународен план, но за Северна Македонија беше и успешна година во која ги започнавме преговорите со Европската унија и ја поставивме земјата на експресниот пат на реформи и трансформација.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО