-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Македонско-бугарски бизнис форум – трговска размена од 1 милијарда евра

ТОП ВЕСТИ

Шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков денеска претседаваа со бизнис форумот на Северна Македонија и Бугарија што се одржа во Скопје под мотото „До една милијарда и повеќе“, во знак на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година меѓу двете земји. Османи на отворањето на Форумот рече дека годинава само во првите три квартали сме имале пораст од над 50%, со што, како што рече, трговската размена досега надминала 700 милиони евра, додека проекцијата покажала дека годинава прагот ќе биде надминат од една милијарда евра. Бугарскиот министер Милков рече дека позитивните трендови во нашите билатерални односи и особено во економските односи не се воопшто мали, но за жал се чини дека се малку настрана од фокусот на општеството.


„Од потпишувањето на Договорот за добрососедство во 2017 година, бизнисите го препознаа трендот на унапредување на односите меѓу двете земји. Во изминатите години практично секоја година бележиме пораст на меѓусебната трговска размена. Само во последните две години трговската размена е зголемена за 98,3 отсто“, вели Бујар Османи.

„За прв пат оваа година се очекува размената на стоки во нашите земји да надмине една милијарда евра, што е значајно достигнување. Бугарските компании продолжуваат да покажуваат голем интерес, вклучително и интерес за инвестирање во Македонија во сектори како банкарство, осигурувањето, металургијата, технологиите, комуникациите, софтвер, како и во прехранбената индустрија и трговијата“, порача Николај Милков.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО