Поглед:
154
МАКЕДОНСКИ МЛАДИНСКИ КОНЦЕПТ како младинска организација на партијата Македонски Концепт утре ќе ја доживее својата промоција.
Младинската организација ќе го одржи првиот состанок на иницијативниот одбор за своето формирање и ќе избере Национален Тим Лидер, кој ќе ја води организацијата.
Промоцијата ќе се одржи утре 28.05.2023 година во 13.00 часот во Хотел Парк покрај Градски Стадион на Кеј на Вардар, во сала Барселона!
Новиот лидер на ММК ќе биде и дел од Извршниот и Национален Тим на партијата по функција, а младинската организација ќе биде застапена со повеќе преставници во органите на партијата, како нејзина официјална асоцијација.
Младите ја уживаат полната поддршка за нивна промоција и активно вклучување на младинската политика во земјава, соопштуваат од таа партија.
Од утрешниот настан, МКДенес ќе информира подетално.