Поглед:
68
На денешната пресконференција, копреседателот на македонско – бугарската историска комисија Драги Ѓеоргиев ни ги презентираше компромисите со Бугарите за македонската античка и средновековна историја, на што поголем дел од нацијата или е во шок или не разбраа што е соопштено.
Македонските политичари, кои очајно стојат со соодветна стручност и компетенции, главно молчат, без некои особени реакции, исплашени за нивните политички кариери и клиентелистички поставени кон бугарските уцени.
Единствено со вонредна реакција се јави лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески кој жестоко соопшти:
„Македонски граѓани,
пред се вие етничките Македонци, но и Србите, Власите и ромејските Албанци сте засегнати од најновите случувања во врска македонско – бугарската трговија со историја и факти.
Денес дознавме една страшна вистина, а тоа е дека сме биле ПРЕДАДЕНИ уште во 2019 година. Прадавниците од власта знаеле дека извршиле таков злостор, поради што ја сокривале вистината од нас граѓаните!
Бугарите само притиснаа со новиот Протокол да ни биде соопштен срамот! Немајќи кај да бегаат, денешниот главен измеќар ни ја соопшти срамната вест!
Низ еден очајно еуфемистички стил, протнати се главните пропагандистички тези на божидарковци од вила Бојана! Бугарите напишале се што сакаат, а нашите коленичеле тоа да биде “меко напишано”, за полесно да ни влезе!
Сите се замешани, без исклучок од било која партија од Парламентот, во овој груб фалсификат на историската вистина, со кој на голема врата се протнува фалсификување на македонската античка и средновековна историја!
Не сакам да помислам што не очекува од овие неранимајковци кои вие граѓаните ги гласате со децении наназад, кога ќе објават што договориле на овој начин за Нов Век! Тоа ќе биде катаклизма! Крај за македонскиот автентичен идентитет и изворен интегритет.
Да беше барем нешто делумна историска вистина, јас прв ќе го поткрепев овој компромис! За жал, сето ова е гола бугарска пропаганда, од време на болшевичкиот живковизам! Целосно лажен приказ на среден век, низ бугарска призма.
Една целосно, суштинска цивилизација е избришана, а од неа доаѓаат и Кирил и Методија и Климент и Наума. Буквално, буквално сите живковистички лаги и фалсификати за средновековната историја се легализаираа со македонски потпис. Кој срам за некои кои се нарекуваат професионални историчари. Срам!
Обидот да се тргне апостол Павле и неговата мисија во Македонија е највулгарен фалсификат. Веројатно следно што ќе договорат е да стои: “Секаде каде пишува Македонија и Македонци во Библијата е погрешен превод, се мисли на Бугарија и Бугари”! Ова е мизерно полтронство покажано од македонската страна кон бугарска!
Не ми е јасно како ќе живеат со ова предаство овие полтрони, кои на времето беа југословени и не југословенизираа, а денес се бугараши и не бугаризираат. Истите луѓе од истите фамилии. Предавник си е предавник. Сој, се тера!
Ама тука сме ние гордите наследници на македонските фамилии, кои ниту во Југославија станавме југословени, ниту денес ќе станеме бугари.
Ние сме свои на своети и ви кажувам, македонски граѓани ни се отвори патот за одбрана. Тука сме да си го заштитиме своето, македонското, исконското, изворното. Затоа и постои нашиот Македонски Концепт!
За полесно да ме разберат младите Македонци, ќе ви претставам со „Игра на тронови“, кој сигурно сте го гледале.
Од една страна ги имате младите солунски браќа Константин и Методиј, синови на царскиот намесник на Македонија, испратени да живеат и да се школуваат во Кралевград, тој главниот град од Југот, за кој нели се потепаа помеѓу себе „фамилиите“.
Од друга страна ги имате Бугарите, оние дивите племиња од Северот, зад тој големиот ѕид, кои имаат своја чудна религија, веруваат во тотеми и дрва и се закануваат со напад преку одбраната на Југот.
Е сега, македонските измеќари од власта им потпишаа на Бугарите дека овие дечките од Кралевград, од таа централната Црква и од светски најпознатата Магнаурска Школа, се всушност дел од тие дивите племиња од Северот, кои немаат буквално ништо заеничко со нив. Тоа прифатија вашите татковци кои гласаат за овие неранимајковци.
Сакани мои млади Македонци, мислам дека вака полесно ќе ме разберете, да знаете што и какво предаство ви направија вашите денешни татковци, измеќари, кои за гол газ се продадоа кај стигнаа.
Следно после ова, на удар ќе дојде Новиот Век, нашите Гоце, Даме, Никола, Борис, нашиот Илинден, нашата Крушевска Република, а потоа ќе се бара укинување на нашата света МПЦ – ОА.
Но не очајувајте сите вие и стари и млади и машки и женски, тука сме да ви помогнеме! Тука сме да си помогнеме! Дајте ни шанса да ви помогнеме и да го тргнеме овој срам од лицето на нашиот славен род македонски.
Секој сам сме слаби, ама сите заедно, добро организирани во нашиот, во Македонскиот Концепт, ќе победиме! Тоа јас ви го гарантирам!