Поглед:
13
Вашиот глас одлучува и само вие можете да ја испорачате одлуката која значи крај на најлошото владеење во историјата на Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во општина Битола во рамки на претседателски избори.
Мицкоски додаде дека е време да се врати надежта и повторно да се обнови Македонија.
Време е да ја вратиме надежта и повторно обновиме Македонија. Можеме и мораме Македонија да ја направиме повторно гордо. Тоа е она чувство кога се чувствувате посебно задоволни од колективните успеси, се радувате на развиореното знаме, заедничките победи во спортот, науката. Поединците кои не учат дека имаме што да му подариме на светот, порача тој.
Претседателот Мицкоски изјави дека Македонија повторно твоја е за да се победи сиромаштијата, за зауздување и топење на инфлацијата која овде е најголема во Европа, како и крај на заробената држава и криминалното судство и правда.
Македонија повторно твоја е да ја победиме и сиромаштијата. 600 илјади луѓе живеат со само 160 денари на ден, а над 80 илјади луѓе живеат во екстремна сиромаштија со само 60 денари на ден. Македонија повторно твоја значи и зауздување и топење на инфлацијата која овде е најголема во Европа. Инфлацијата го изеде секое покачување на платите, рече Мицкоски.
Македонија повторно твоја значи да дојде крај на заробената држава, на криминалното судство и правда.
Мицкоски нагласи дека Македонија повторно твоја значи и одговорност , укажувајќи дека овие избори се последната шанса за спас на Македонија, како и дека од сите граѓани зависи иднината.
Македонија повторно твоја значи и одговорност, и ви велам таа ќе дојде. Заедно морам да победиме и оваа е последната шанса за спас на државата. Од Вашата одлука зависи каква иднина ќе има Македонија, вели Мицкоски.