Македонија има една од најголемите дијаспори споредено со бројот на жители родени во земјава, а за тоа говори фактот дека има нешто повеќе од 600 илјади државјани кои живеат надвор, објави Сител.
Според водечкиот статистичар во земјава, оваа бројка е уште поголема бидејќи невозможно е да се опфатат сите кои заминале.
Според последниот попис во Македонија, како и глобалните податоци на Еуроактив, македонската дијаспора е во водечките 10 во светот, со околу 25 отсто граѓани родени во земјава, кои сега живеат надвор од Македонија.
Апостол Симовски вели дека споредбено со бројот на жители, имаме голема дијаспора, а според него еден од најголемите проблеми е емиграцијата, која покрај што јаде жива сила, влијае и на идниот наталитет.
Во анализата објавена од Форбс, се наведува дека Балканот е еден од водечките регионите чии земји бележат најголеми дијаспори.
Така, процентуално со бројот на жители, втора најголема во светот е Босна и Херцеговина со 34 отсто отселени, а со масовно иселување е соочена и Албанија, која се наоѓа на третото место на листата со 30,7 проценти нејзини граѓани кои во моментов живеат во странство.
Водечка во светот во оваа категорија е карипската нација Гвајана.
Извор: Сител