3.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

МАКЕДОНЦИ, им помагате на бугарите со ПОТПИСИ против Охридска Архиепископија

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
49


Македонците бараат ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ДА Е БУГАРСКА! – гласи наслов на реакцијата на лидерот на партијата Македонски Концепт (МК) Петар Богојески, споделена на социјалните мрежи. Секако тоа е обид да ги отрезни Македонците кои се потпишуваат на антимакедонската петиција, покрената од рубља патриотите од некои структурашки т.н. партии.

„Македонците од цел свет собираат потписи на Декларација со која се бара Охридска Архиепископија да им се остави на бугарите, да не се враќа во Македонија!“ – е заклучокот на Богојески, со оглед на барањето да се отфрли Томосот на Цариградската Патријаршија за конечно признавање на автокефалноста на МПЦ – ОА, како национална црква на Македонците, но со темел стар повеќе од 1500 години.

Целата светска јавност, особено дипломатите знаат дека бугарите бараат од Цариград, древната Охридска Архиепископија да се прогласи за бугарско културно наследство, да не им се враќа на Македонците! Ова е особено присутно во обидите на некои земји членки на ЕУ да им помогнат на бугарските желби, но пред се да извршат притисок врз Грција и Турција да го спречат вселенскиот патријарх Вартоломеј во намерата ОА да се врати во Македонија.

Во неуспешна мисија во Цариград беше испратен и КГБ полковникот Бојко Борисов, поранешен премиер на Бугарија, во обид да го заплаши Вартоломеј да го додели Томосот на МПЦ – ОА!

Неговата посета беше во декември 2022 година, но се врати со празни раце. Вартоломеј му даде почесен Орден „Крстот – Христов Семоќен“, или со други зборови беше „избракан со почести“ од Вселенската Патријаршија. Тогашната посета на Борисов на Вселенската патријаршија предизвика големо внимание и во бугарската и во македонската јавност, при што рускиот агент Борисов нас Македонците не нарече „христијаните од Република Северна Македонија“.

Лукавот московски агент се обиде со лажна високодостојна почит кон Вселенската Патријаршија, нарекувајќи ја Мајка Црква, да ја придобие на бугаска страна, правдајќи се зошто црковната автокефалност во Украина, сеуште не е призната од т.н. Бугарска Православна Црква. Бојко забега до таа мера, што во јавниот настап изрази огромна благодарност кон Вартоломеј во напорите што ги прави за обединувањето на православните христијани, посочувајќи го Севселенскиот Собор од Крит како голем успех, иако на тој Собор т.н. бугарска црква одби да учествува под влијание на Московската Патријаршија.

Меѓутоа, бугарските фори не поминуваат кај сите, па така лидерот на Македонски Концепт Богојески во целост ги разоткрива игрите на Москва и Софија, против Македонија и МПЦ – ОА.

Богојески сведочи дека откако Бојко беше вратен неславно од Цариград, бугарските шовинисти се обратија и побараа поддршка од Москва, која не се двоумеше веднаш да ги активира сите руски инсталации во земјава, да создадат анимозитет на Македонците кон целосно решавање на црковното прашање преку ЦП, а со тоа и ОА да остане во наследство на Бугарија, како најголем сон на бугарската советска пропаганда!

„Москва ги активираше сите македонски измеќари (Десна, Лева, кој без рака кој без мозок…), масовно да се организираат и ОА да ја отстапат на Бугарија!

Според московските измеќари, за нас маЌедонЧињата доволна била МПЦ од времето на Тито од 1967 година, а древната Црква стара повеќе од 1500 години да се отстапи на бугарите! Така бугарите ќе докажат и ќе потврдат дека се што е македонско е создадено од Тито, а се пред него било бугарско!“ – напиша Богојески.

Македонците масовно собираат потписи да докажат дека се титови чеда, дека Тито ги создал и дека бугарите се во право! – тоа ќе биде резултатот од таа Петиција, која е мотивирана и нарачана од Москва. Упорно Русите се обидуваат да ги заштитат големо бугарските соништа како нивни проект, а нас Македонците да не сведат на вештачка титова творба. Со потписи на таа Декларација, самите Македонци се прогласуваме за такви.

Дополнително, во член 7 од Декларацијата се бара МПЦ – ОА да не ја признава автокефалната Црква на Украина, како најголем руски кошмар и како доминантна задача која им ја имаат дадено на рубља патриотите во Македонија. Тука им се поклопија интересите на русите и бугарите. Едните да спречат признавање на Украинската Црква, а другите да спречат признавање на МПЦ – ОА и враќање на ОА во Македонија.

„МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ и јас лично како Македонец, ве повикуваме НИКАКО ДА НЕ СЕ ПОТПИШУВАТЕ на оваа петиција, на ова кукавичко бугарско јајце, и да докажеме дека сме автохтон, древен народ македонски, со свој корен и традиција, дека Тито не не создал и дека бугарите немаат право врз Охридската Архиепископија!

За тоа, за кратко ќе објавиме правни аргументи од времето на Ромејската империја и создавањето на светата Охридска Архиепископија како возобновена древна Јустинијана Прима, а не трновска северно мизиско татарска црква!“ – изјавува Богојески.

ДА СИ ЈА ВРАТИМЕ ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ДОМА ВО МАКЕДОНИЈА!!!

Баталете бугарско – руски игри! Од нив страдаме со векови!!! ПОСЛУШАЈТЕ!

Никој не може да го смени името на МПЦ – ОА! Томосот од Цариград може да биде само на црковно име, а тоа е Охридска Архиепископија, како што е Пеќчка, Трновска, Атинска, Антиохиска, Александриска, Московска…

МПЦ – ОА согласно Статутот на нашата света Црква, кој никој не може да го оспори си останува МПЦ – ОА, а таа ќе биде стебло на најстариот, најдревниот, најсветиот православен корен во Европа, Охридската Архиепископија – возобновена Јустинијана Прима! Така МПЦ – ОА ќе биде мајка Црква на сите останати, а не обратно! – смета Богојески.

На ова пристигнаа жестоки реакции од Бугарија, со негирање на правото на Македонија да се повикува на Охридската Архиепископија, која била бугарска, дури и негирање на правото на Вартоломеј да ја враќа ОА на Македонците.

Бугарите го обвинуваат Богојески за српски пропагандист, кој работел за Србија против Бугарија, сакал да ја укради ОА од бугарите и да им ја даде на Србите, бидејќи самата МПЦ била српска творба.

Сите ги очекуваме правните аргументи за македонските права врз Охридската Архиепископија, кои Богојески ги најави дека ќе ги објави деновиве.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО