Поглед:
5
Голема кавга на јавна сцена помеѓу Левица и ВМРО ДПМНЕ, за тоа кој повеќе украдил од општините и кој повеќе им слугува на комуњарите од СДСМ.
Војната започна со изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски за тоа дека советниците на Левица се слуги на СДСМ и во коалиција со власта во општинските совети.
На тоа апасиевци одговорија жестоко со обвинување дека ВМРО ДПМНЕ се крајно корумпирани во локалната администрација и дека секогаш во советите гласаат за криминалните проекти на власта.
Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска упати порака до Мицкоски:
„Дај бе нека му објаснит некој на аналфабетов дека Левица не е “коалиција” во општините, туку е ОПОЗИЦИЈА на кретенските политики на неговите градоначалници (избрани по принципот на негативна селекција)!
ПС ДПМНЕ, ДУИ и СДС имаат поише одлуки заедно изгласано во општините, него ли Левица со било кој од таа багра.“
Пратеникот Апасиев, повикувајќи се на изјавата на Груби, преку неговите познати лажни профили на социјалните мрежи сподели коментар:
„Она кога треба да оправдаш втора тура шиткање пратеници“, сакајќи да нагласи дека Мицкоски се пазари со власта за шиткање на втора група од „осум“ пратеници, за повторно предавничко менување на Уставот.
Мицкоски постојано повторува дека сега за сега нема да гласа за промена на Устав, но доколку добиел некакви „гаранции“ од Бугарите, за неговата ВМРО ДПМНЕ не било проблем да поддржи такви уставни измени.
Дали веќе е договорено сценарио за промена на Уставот, помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ?