Поглед:
6
Кинескиот претседател Кси Џинпинг се обрати на јавноста и рече дека Кина ќе се фокусира на подготовките за војна, бидејќи безбедноста на земјата е сè понестабилна и неизвесна.
Како што пишува британски Дејли Мејл, Пекинг сеопфатно ќе ја зајакне воената обука и ќе ја подготви армијата за секаква војна, изјави денеска Кси Џинпинг, а пренесе државната телевизија CCTV. „Безбедноста на Кина е сè понестабилна и неизвесна“, рече Кси.
Неговото предупредување доаѓа откако Кси минатиот месец повика на побрз воен развој, „доверба и сила“ во технологијата и одбрана на кинеските интереси во странство, што ја зголемува веројатноста за понатамошен конфликт.
Најавата на Кси дека Кина ќе се фокусира на подготовка за војна ги поттикнува стравувањата дека нацијата би можела да го нападне Тајван, за кој Пекинг тврди дека е нивни.
Кина и претхдоно неколку пати се закануваше дека ќе го анектира Тајван со сила доколку е потребно. Минатиот месец, кинеската комунистичка партија додаде во својот устав став за „одлучно спротивставување и одвраќање“ на независноста на Тајван и „одлучно спроведување на политиката „една земја, два системи“, формулата со која се планира островот да се управува во иднина.
Ако Кина го нападне Тајван, конфликтот речиси сигурно ќе ги вклучи Соединетите Држави, кои му обезбедуваат на Тајван одбранбено оружје и се обврзани со закон да ги третираат заканите за островот како прашања од „сериозна загриженост“, заедно со нивните сојузници од договорот, најмногу важна и географски најблиску е Јапонија.
Тоа доаѓа откако Кина ги одржа своите најголеми воени вежби по неодамнешната посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Посетата на Пелоси го налути Пекинг, кој ја сметаше за обид на САД да се меша во внатрешните работи на Кина.