Во целост ги испорачуваме потребните количини на топлинска енергија согласно регулативата и правилникот за топлинска енергија, уверуваат од АД ЕСМ.
Првиот човек на компанијата, Ковачевски вели дека количините на гас се обезбедени до крајот на овој месец, а наредните денови очекуваат и конкретни понуди. Веќе е стигната една понуда од компанијата „Макпетрол“.
Директорот на ЕСМ додаде дека потрошувачите од Градот Скопје потребно е да склучат нови договори со ЕСМ Снабдување со топлина. Ковачевски вели дека се бара полесен начин за да се склучат тие договори, наместо граѓаните да одат на трите пункта во Скопје. Станува збор за околу 60.000 домаќинства.