-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Ковачевски: Работам за подобра иднина и просперитет на сите граѓани

ТОП ВЕСТИ

Кога пред 10 месеци ја презедов одговорноста како претседател на Владата, бев свесен дека тоа нема да биде лесен туку тежок мандат полн со големи предизвици, но јас работам за сигурност, подобра иднина и просперитет на сите граѓани во оваа држава, порача на почетокот од обраќањето претседателот Димитар Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во Куманово.


Претседателот Ковачевски посочи дека неговата цел е просперитетна, економски напредна држава, во која сите ќе ги живеат европските вредности.


– Од наши кумановци па ширум државата, граѓаните мора да го добијат она што го имаат европјаните и ништо помалку. Тоа е мојата задача, тоа е нашата заедничка цел. Во изминатите 10 месеци успеавме да ги совладаме предизвиците наметнати од глобалната економска и енергетска криза и да ја спасиме македонската економија. Ги паметиме сите тие драматични вести на почетокот на годината кога изби најголемиот геостратешки конфликт во светот по Втората светска војна, додаде Ковачевски.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО