10.8 C
Skopje
среда, април 10, 2024

Ковачевски на тацна МУ ЈА ПОДАРИ државата на Ахмети

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
21


,, ДУИ и СДСМ се лицето и опачината на една иста паричка. Ковачевски на тацна му ја подари Македонија на главниот стопан Ахмети. 100 души од ДУИ управуваат со два милиони народ. Тие одлучуваат за тендерите, за тоа кој да се вработи, кој каква работа да добие. 20 години се силно навлезени во институциите кои ги криминализираат до највисока мера, кажа претседателот Христијан Мицкоски во својот говор на вечерашниот митинг во Кочани.


Претседателот рече дека Ахмети објаснил пред целата јавност кој е неговиот план за Македонија. И како што кажа, тој се објаснува во три едноставни зборови – КАКО ДО СЕГА…. А, што значи како до сега? Запраша претседателот и потенцира:

– Тоа значи Артан Груби да продолжи со тендери и матни зделки. Бујар Османи да продолжи да ги распродава интересите на Македонија, нови Соравии кои ќе се купуваат, нови изведувачи на автопатишта кои ќе добијат милиони, а нема да фрлат ниту лопата. Како до сега значи и дека ќе продолжат да си играат фудбалчиња во државни институции и функционери на ДУИ да шамараат контролори за летање.

Тој подвлече дека стратегијата како до сега, е патентот за криминалот на ДУИ кој го поддржува и изведува СДСМ. Таа партија од некогаш голема структура се сведе на слуга на желбите на ДУИ кои е јасно дека иако дојдоа со конфликт на власт овие избори се неповторлива можност да си заминат со пенкало и со силната волја на народот.”, изјави Мицкоски.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО