Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил посочи дека денеска имал чест со Архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, да размени мислења за повеќе актуелни теми, особено за активности по влегувањето на МПЦ-ОА во канонско единство со останатите помесни Православни цркви.
„На средбата разговаравме и за предизвиците од енергетската криза и за обезбедената поддршка на најранливите категории во овие тешки времиња на економско-енергетска криза“, вели Ковачевски.