-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Костадинов: Со одлуката за изземање на нашата држава од забраната за гас од Србија Струмица обезбедува енергенс по поволни услови

ТОП ВЕСТИ


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, ја поздрави одлуката на Владата на Србија за изземање на нашата држава од забраната за гас, бидејќи ова значи можност за Струмица да обезбеди компресиран гас по поволни услови.


Во изјава за МИА Костадинов потенцира дека ваквата одлука значи многу за Струмица и за општинскиот гасоводен систем.

– Конкретно за Струмица ова значи можност за обезбедување компресиран гас по поволни услови од снабдувачите од Србија, за разлика од други кои овој енергенс го нудат по многу повисоки цени. Иако цената од 99 денари за кубен метар не е ефтина во споредба со порано, сепак е најприфатлива за нас.Со овој енергенс се затоплуваат круцијални објекти во градот како што се градинките, училиштата, болниците, јавните установи и секако, дел од домаќинствата и компаниите, изјави Костадинов.

Тој упати огромна благодарност до Владата на Република Србија за одлуката за изземање на Северна Македонија од забраната за извоз на гас, до македонската Влада, до премиерот Ковачевски и до претседателот на Република Србија, Вучиќ, што со нивните иницијативи и поддршки овозможуваат вакви регионални соработки.

-Оваа поддршка е резултат на механизмите за помош и поддршка во кризни ситуации создадени од Отворен Балкан, иницијатива која уште еднаш покажува конкретни резултати за добробит на граѓаните. Ги охрабрувам сите колеги градоначалници уште поинтензивно да работат во правец на проектирање и реализација на гасоводни мрежи кои во вакви кризни моменти имаат големо значење, додаде струмичкиот градоначалник.

Инаку, Струмица е меѓу првите гасифицирани општини во државата уште од 2012 година со така наречен виртуелен гасовод со носење компресиран гас во станицата од каде се дистрибуира до потрошувачите.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО