-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

„Корупцијата секогаш вклучува две страни, треба да се промени свеста кај функционерите и граѓаните“, рече Џафери

ТОП ВЕСТИ

Корупцијата го попречува функционирањето на секое општество, порача претседателот на Собранието Талат Џафери на вечерашниот настан со кој се одбележуваат 20 години од постоењето на Државната комисија за спречување на корупцијата.


„Начинот на кој функционира Собранието е од круцијално значење за развојот на демократските процеси во земјата, а тоа воедно силно го детерминира и исполнувањето на зацртаните антикорупциските политики. Сепак, не е доволно, и тоа не е сѐ. Останува најтешкиот дел од работата, а тоа е промената на свеста, како кај функционерите и администрацијата, така и кај граѓаните. Затоа што, мораме да признаеме дека корупцијата е двонасочна и секогаш вклучува две страни. Мораме да воспоставиме политики, систем и мерки за секој да може да се чувствува безбеден да зборува јавно и гласно кога ќе и каже не на корупцијата“, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.


Тој додаде:

„Секако, во таа борба не сте и нема да бидете сами! Корупцијата е години наназад лоцирана како една од најголемите слабости на нашето општество. Иако, можеме слободно да констатираме дека таа го попречува здравото функционирање на секое општество. Верувам дека тоа што сме вечер тука сите заедно е јасен показател дека стоиме цврсто зад Државната комисија за спречување на корупција, која игра клучна улога во предводењето на таа битка. Појдовна основа се секако, усвоената Декларација против корупција, Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси и секако донесените законски решенија и Акциски планови“, рече Џафери.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО