6.8 C
Skopje
вторник, април 4, 2023

КОЛУМНА Атанасовски: Пут(ин)ките имаат тешка грозоморна психосоматска дијагноза

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
797


Пут(ин)ките имаат тешка грозоморна психосоматска дијагноза

пишува м-р. Благојче Атанасовски, политички аналитичар

Имало едно време, едно смачкано племе. Тоа живеело под тешкиот јарем на петвековното ропство на оринеталната и најдекадентна европска империја. Минале векови, и геополитичките околности, создале услови малиот уплашен народ да се ослободи од тешките пранги. Што поради стравот, кој го карактеризирал како национална нишка смачканото племе, што поради  специфичната геополитичката географска положба во која се наоѓал, народот на Македонија, наместо да се ослободи и слободно да живее, одново бил поробен од апетитните соседни крволочни монархии, кои својата државна територија ја прошириле на сметка на етногеографската територија на Македонците.

Оттука, започнале најголемите голготи, бидејќи Македонците биле прогонувани, протерувани, од своите вековни родни огништа. Дел биле асимилирани, односно им била насила наметната туѓа национална култура, туѓ јазик, туѓи обичаи. Поминале децении, и одново историските геополитички околности, создале можност, македонскиот народ да создаде своја слободна држава. Овој пат на само еден дел од својата имагинарна татковинска територија во рамките на СФР Југославија. За да се почувствува слободен, независен, свој на своето.

Како приказна за мали деца од основно, во неколку реченици, наративно ви ја раскажувам нашата мачна историја, за да ја разберете најпросто колку е трагична. Бидејќи сте прости, елементарно и граматички неписмени, та ако употребам посложени аргументациски реченици, нема да може вашите мозоци рамни на потпополшки да ги процесуираат. Во неверојатноста на ситуацијата во која само психијатрите можат да дадат соодветна дијагноза, за како тоа етничките Македонци се злорадуваат, душевно ејакулираат и имаат соматска сатисфакција од злосторничката агресија врз украинскиот народ и самата Украина како независна и суверена држава од страна на Вампирот од Кремљ, гневен на ФБ го напишав следниов статус:

Како бе, не ви е срам?!

„Цел живот го градите наративот за Вашата плачипичеста историска трагика дека сте биле распарчени, окупирани, нападнати, асимилирани од помоќните крволочни соседи и како светот молчел за тоа. Од официјалните историски читанки до патетичните патриотски песни, до преданијата од бабите ви. И наместо да сте во прв ред и да солидаризирате, сочувствувате и изразите поддршка за најголемата трагедија која веќе го снаоѓа напатениот украински народ, вие не само што релативизирате, туку и отворено го поддржувате, злокобно се ситите и злорадувате, онанирајќи на Вампирот од Кремљ?

Знаете што?

Гледајќи ве вакви, мизерни, бедни, јадни и долни стаорци, дури од оваа перспективна гледна точка ми паѓа ќеиф на душава, што тоа ни се случувало низ историјата, без исклучок сите векови наназад. Не само што сме заслужиле, очигледно, туку и малку ни било. И можеби во право беше онаа карикатурална и кловновска свиња кога кажа дека ќе ни пушти инжинерски полк.

Ако цената која треба да ја платиме, е да ги истреби сите болни психопати, кои тажаленски лелекаат над траорната судбината на својата мајка Македонија, а во исто време, добија душевна ејакулација и сатисфакција од грозоморната и психопатска агресија на последниот руски император (читај Ѕвер), врз цел еден 45 милионски народ/нација и територијално најголемата европска држава, тогаш е добредојден уште утре, а јас со цвеќе на Деве Баир, прв ќе го пречекам. Исто онака, како што пола Македонија ги пречека „окупаторите“ во 1941-ва. Спас ви нема, болни несреќници. “ Чудесно!

Македоноидот денеска е душевно болно суштество, кое најчесто поради незадоволството од својот материјален статус, аплицира за неговата светост – бугарскиот пасош, каде што под присила ги „признава своите бугарски корени“, а изворно и душевно ја мрази мајка Бугарија, потоа се сели да живее и работи во некоја од богатите западноевропски или прекуокеански развиени земји, а го мрази Западот во неговата културолошка и политичка форма, и во актуелната руско-украинска „криза“, навива отворено за Путин и се исполнува.

Конзилиум од најдобрите психијатри да се состане за да треба да ја утврди оваа душевна „состојба“, ќе се убие, неверувајќи што гледа со своите очи, или во најмала рака ќе се откаже. Освен од чисти човечки емпатиски чувства, теророт и агресијата врз Украинците ме погоди поради неколку други објективни причини:

Наоѓам многу слични, ако не и исти историски прилики во злокобната судбина на овој напатен народ со нашата, кој бил национално негиран, окупиран, воено пленен и делен. Дотолку повеќе, што оваа земја беше единствената која воено ни помогна во за нас најтешката 2001-ва година, од нашето осамостојување па навака.

И не на последно место, низ целиот наш трагичен историски период, руската надворешна политика и царска дипломатија била таа која ги спречила сите наши обиди или геополитички околности ние да се конституираме како независна држава кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.

Од создавањето на Сан Стефанска Бугарија преку Илинденското востание до нашето докусурување во Балканските војни. Таа „политика“ на нас блиски до срцето ни браќата Руси, е изворот на сите национални зла, кои ние и до ден денеска ги трпиме. А сите вие, кои при овие аргументирани факти, состојби, информации и настани, пак навивате за Путин и неговата злосторничка против човештвото политика, сте канцерот на Македонија.

Вие сте најголемото зло, најголемиот непријател, Ковид-19 врз белите дробови на државниот организам. Вие не сте Грци, Бугари, ни Срби, вие сте се тоа заедно собрано на куп, и имате нанесено сто пати поголемо зло и штета врз Македонија, колку трите погоренабројани народи. И знам дека ја сакате Македонија и сте спремни за неа патриотски да загинете.

Најголем интерес на Македонија е сега да се борите на страната на мајка Русија. Затоа, ви сугерирам и топло ви препорачувам да отидете на фронтовите низ Украина, да земете руски пушки и да се борите против украинските нацисти.

И таму да останете засекогаш закопани. Во рововите. За ваше добро. За наше уште подобро. Но најдобро ќе е, за мајка Македонија. Само така ќе може да крене глава и да ја огрее одново новото сонце на слободата.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО