3.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

KOЛУМHA Аjpyлаи: Цpна дyпка

ТОП ВЕСТИ

Црна дупка


пишува м-р Лyлjета Аjpyлаи, копретседател на Женски Концепт

Во вселената има таканаречени црни дупки. Тие се места од кои дури и светлината не може да излезе поради силната гравитација. Црните дупки немаат површина како планетите или ѕвездите. Тие се огромни усти кои голтаат се што ќе им се приближи. Тие ги оттргнуваат ѕвездите, маглата и светлината од нивната траекторија, ги притискаат, ги гмечат, лепат различни материи за нив така што тие кружат околу црната бездна.

Ова се феномени што се случуваат во вселената многу далеку од нас и нашето спознание. Што се однесува до терминот црна дупка, ние си имаме многу дупки во нашата земја. Дупки по патиштата и улиците, дупки во системот, дупки во економијата, дупки во парите, дупки во тендерите, дупки во образованието, дупки во здравството, дупки во културата, дупки во правосудството, дупки во одбраната, дупки во безбедноста, дупки во законите, дупки во институциите, дупки на изборите, дупки во политиката, дупки во главите.

Всушност нашите политичари Македонија ја претворија во една голема црна дупка на Балканот, и никој за тоа не сноси одговорност. Доаѓаат на функции, прават дупки што го пореметуваат нормалното функционирање на граѓаните и потоа си одат како ништо да не било! А на граѓаните останува да се справат и да се малтретираат со последиците од направените дупки.

Последната влада нашата земја ја претвори во трагична црна дупка каква што нема никаде на светот. За само два месеци живи изгореа 59 граѓани, мажи, жени и деца и никој не понесе одговорност за ова огромна трагедија! Изјавуваат дека уште се истражувало! И пред две години се случи трагедија каде загинаа 16 лица и сé уште нема одговорност. Ние имаме неодговорна влада на трагедии. Ние не сме обична црна дупка, ние сме дупка над дупките, светски преседан. Кај нас ненормалното стана нормално. Антивредностите станаа вредности. Функционално неписмените и криминогените станаа функционери на високи државни функции.

Кај нас политичките партии се центри за вработување. Никој повеќе не мисли за државата, секој го гледа само личниот интерес, личното богатење со нелегално и манипулативно присвојување на пари и имот и уништување на државата по сите основи. Кај нас поединците, фирмите, бизнисмените институциите на системот кои нанесуваат повеќе штета на граѓаните, оние кои управуваат со државата токму нив ги наградуваат со унапредување во работата, со покачување на платите, со бонуси, со субвенции и што уште не.

Во време на светска криза со пандемијата, нашите неизживеани функционери се луксузираат и купуваат скапи автомобили, плацеви, згради, станови, вили, часовници и разни други тракатанции без одговорност, сето тоа го прават на грбот на граѓаните од кои голем број не можат да обезбедат и елементарна егзистенција за своите семејства.

Како што можете да видите почитувани, нашите црни дупки немаат крај. На тој начин нашата држава се претвори во голема црна дупка налик како оние во вселената. И сега се наметнува прашањето, како може црна дупка да се интегрира во ЕУ?

The post KOЛУМHA Аjpyлаи: Цpна дyпка appeared first on МКДенес.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО