-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Кој „ЛАПНАЛ“ НЕПОВРАТНИ КРЕДИТИ од Еуростандард банка!?

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
53


Тогашната техничка влада на Оливер Спасовски намерно ја доведе Еуростандард банка до банкрот. Вака обвини сопственикот на банката Трифун Костовски на прес-конференција заедно со експерти од Словенија и од Хрватска.

Тој обвини дека парите што биле подигнати од банката како небезбедни кредити, најмногу оделе за фирми од Струмица, во близина на СДСМ.

Костовски смета дека сè се случило кога Владата започнала соработка со Комерцијалната банка, соработка која, според него, ја иницирала Народната банка.

Експертот Драго Кос вели дека имало и има синџир во ова истражување, тоа е Народната банка и Комерцијалната банка, никој во државата не се интересирал за оваа шема да ја истражи, вели тој.

„Вашата сегашна и мината влада не беа заинтересирани да истражуваат за оваа незаконска шема за финансирање. Не се знае кој ја направи проценката за банкарски кредити, во нормална држава, истата ја прави државата, затоа никој не сака да ја истражи оваа шема“, вели Драго Кос.

Еден од експертите кој бил вклучен во истражувањето вели дека е интересно како една банка може да дојде до ваква измама.

„Во овој случај, банката беше таа што ја иницираше оваа шема и го иницираше ова кредитирање. Префрлала пари на таа фирма и на неколку други фирми. Начинот на кој тоа било направено со градежната компанија, во тој момент во 2004 година беше просперитетна, градеше згради“, посочи Ирена Франчековиќ.

Прашан дали знае точно каде завршуваат парите што се земени како небезбедни кредити, тој рече дека најголем дел завршиле во струмичките претпријатија, фирмите на познатиот струмички бизнисмен Ристо Крмзов, но Костовски рече дека нема никаква врска со тоа.

Фирми поврзани со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзовод секторите градежништво, земјоделско производство и трговија со текстил, во 2020 оствариле најголем раст на приходите, поради што влегоа на листата на топ-100 компании со највисок обрт на средства во минатата кризна година.

Една од нив е „Крмзов-МР“, која во 2020 остварила приходи од 3.445 милиони денари, што е за 263 отсто повеќе од 2019 година, кога приходите изнесувале 950 милиони денари. Впрочем, ваквиот раст коинцидира со промената на дејноста на друштвото, кое од 2013 година се бавело со градежништво се до оваа 2021 година, кога се преориентира кон трговија на текстил.

Уште поексплицитен е примерот со компанијата Агро Крмз“, чија дејност била одгледување на овошје од 2013 година се до почетокот на 2021 година, кога се трансформира во, исто така, текстилна компанија. Токму тогаш, нејзините приходи растат за дури 66.652 проценти, односно од 3,9 милиони денари скокнале на 2.603 милиони денари. Воедно, оваа компанија бележи раст и на обврските, а има и долг по основ на наплатен ДДВ од 49 милиони денари.

Обврски по основ на ДДВ се остварени по основ на разлика во цена и голем промет. Долгот се намалува секој месец и за него се плака камата – вели Крмзов, додавајќи дека големиот раст на неговите компании се должи на зголемена продажба на станови, на трговијата на големо со текстил, како и на зголемено производство на лешник.

Инаку, тој до лани бил сопственик на уште две струмички компании за трговија со текстил – „Винас Текстил“ и „Арена Метал“, кои исто така бележат раст, но истовремено имаат и долгови. Неодамна, опозицијата јавно спомена дел од овие компании, обвинувајќи дека тие се дел од „добро разработена шема на извлекување на пари по однос на поврат на данок на додадена вредност“.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО