Втемелувачот на новата македонската книжевност и литература Кирил Пејчиновиќ, доби заслужено место во редот на македонските светители. Моштите на чуварот на писмото и јазикот, беа изложени во храмот каде верниците се поклонува додека траеше литургијата, со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
Тој во беседата потенцираше дека на игуменот Лешочки денеска со канонизацијата му се исправа неправдата, која му ја наметнуваше секуларната наука.
Со своите проповеди и севкупна дејност, Пејчиновиќ се истакнал во времето кога на нашиот народ му требало поука, како да биде поблиску до Бога. Верниците воодушевени од светиот чин канонизација.
Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок каде подоцна во манастирот служи и станува Игумен. Неговиот животен пат освен на бројните написи, го напишал и на камената плоча на неговиот гроб, која самиот ја изделкал пишувајќи го познатиот епитаф.