11.8 C
Skopje
петок, мај 5, 2023

ЌЕ ГО СМЕНИТЕ Уставот на „куково лето“

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
2


Лидерот на партијата Македонски Концепт (МК) Петар Богојески реагира на најавата за обемна промена на Уставот на земјава, во кој ќе се внесат дополнителни измени по барање на етничките Албанци.

„сдсм измеќарска планира, покрај бугари во Устав, да направи промени на начин да се избришат проценти каде им одговара на етничките Албанци, а да останат проценти каде што не им одговара да бидат избришани!

Тоа е измена на Охридскиот договор и нема да помине на овој начин“ – смета Богојески.

Вака на овој начин, промена на Устав под албанско и бугарски шовинистички уцени, на куково лето!

Може само донесување на нов граѓански Устав, во кој ќе се избришат сите проценти, и тие кои не им одговараат и тие кои им одговараат на Албанците! Само така може да се напушти Охридски договор. Поинаку, промена нема шанса!

Кога ќе влезат пратеници од нашата партија Македонски Концепт во Парламент, овие бугарски и албански шовинистички напади врз македонската државност ќе поминат никогаш, па ниту тогаш!

Граѓански устав без никакви проценти и без делови од народи, држава на сите граѓани, ако сакате ЕУ! Само тоа е согласно фундаменталните вредности на ЕУ, а ние како ЕУ фундаменталисти само нив ги почитуваме!

Помодарство на шупливи неолиберали не поминува! Прогресивен патриотизам и е потребен на Македонија и ЕУ!

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО