Поглед:
986
Бугарските историчари тврдат дека Охридската архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за „цела Бугарија“, но тие упорно „забораваат“ да објаснат дека под називот „цела Бугарија“ се подразбирало воедно-административна област на Византија, т.н. тема Бугарија, која ги опфаќала денешни Македонија, Албанија и Србија, а не Бугарија.
Од тука и терминот „бугари“ во Хрисивулите на византискиот император Василиј II Македонски – Бугароубиецот за словенските племиња Торлаци и Шопи, кои живееле во темата Бугарија и биле поданици на таа административна област во Ромејската Империја, а не дека станува збор за етнички бугари.
Оттаму многу јасно се гледа дека под „цела Бугарија“ се подразбира само византиската тема Бугарија, а „бугари“ е наводно словенскиот народ од Србија, Македонија, Црна Гора и денешен Срем, а не тие кои живееле во Бугарија, кои биле нарекувани Мизијци или Паристиони или тракијците кои биле нарекувани Македонци.
После падот на Самуиловото Царство, во кое време Охридската Архиепископија била позната како Преспанско – Охридска Патријаршија, византискиот император Василиј II Македонски – Бугароубиецот во 1018 година издава т.н. ХРИСОВУЛА / Уредба / Томос – со печат на Патријархот од Константинопол, со која ја признава автокефалноста на Охридската Архиепископија.
Токму во тој документ, Томос за автокефалноста на Охридската Архиепископија се најдува катастрофата за лажните историски тврдења на денешна Бугарија, дека всушност тоа било возобновена Преславска Патријаршија и патријархот од Доростол или бугарска црква.
Императорот и патријархот од Константинопол, јасно и прецизно во Хрисовулата – Томосот наведиле дека автокефалноста на Охридската Архиепископија се дава врз основа на НОВЕЛИТЕ / Уредбите / Томосот бр. 11 и 131 издадени од Ромејскиот Император Јустинијан I од Македонија, врз основа на кои дури во 535 година била дадена автокефалност на Архиепископијата Јустинијана Прима.
Никаде, на ниту едно место во ниту еден документ не се спомнува било каква Преславска Црква или патријаршија или било каква правна, црковна или политичка поврзаност помеѓу Охридската Архиепископија и укинатата бугарска патријаршија, туку напротив, дирекно е посочено дека таа е всушност возобновена Архиепископија Јустинијана Прима од Македонија.
Царот Василиј II Македонски – Бугароубиецот уште наведува дека Охридската Архиепископија ја утврдил како автокефална, бидејќи од новелите 11 и 131 на Цар Јустинијан I дознал дека Охридската Aрхиепископија е исто што и Архиепископијата на Јустинијана Прима. Оттука и причината зошто сите охридски Архиепископи нагласувале дека Охридската Архиепископија ја издигнал на степен самостојна и независна црква царот Јустинијан I и тоа од Римскиот Папа, под чија јурисдикција била сè до 535 година.
Архиепископијата Јустинијана Прима е правно, црковно / еклистички и политички дирекно поврзана со Охридската Архиепископија, поради што охридските Архиепископи од 12ти до 14ти век ја носеле само титулата „Архиепископи на Јустинијана Прима“. Архиепископите биле наследници на скопските епископи, а епископот на Јустинијана Прима Антис, станал Архиепископ на сите диецези во Источен Илирик.
Ова е запишано во 131 Јустинијанова новела, а на која се темелат правата, привилегиите и самостојноста / автокефалноста на Јустинијана Прима. Интересно е што истите аргументи се забележуваат во стремежот и барањата на македонските преродбеници за автокефална црква во 19ти век, откако биле разочарани од национализацијата на Егзархијата од страна на Кнежество Бугарија.
Императорот Василиј II Македонски – Бугароубиецот издал уште две новели – уредби со кои назначил вкупно 32 епископи на Охридската Архиепископија, а за прв Архиепископ го именувал Македонецот Јован Дебарски, кој седнал на престолот на преспанско – охридскиот Патријарх Герман, чие патријаршиско име е врежано во царската катедрала Свети Ахил на островот Голем Град во Преспанското езеро.
Покасно во 1157 година, охридскиот архиепископ Јован Комнин е прв од охридските Архиепископи кој се потпишувал со титулата Архиепископ на Јустинијана Прима, чиј потпис постои и денес.
Овие податоци ги ажурираше и на социјалните мрежи ги сподели лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески кој жестоко реагираше на посетата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на Цариград, кој од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I побара да им се признае Охридската Архиепископија како историско и културно наследство на Бугарите и да не се враќа назад во Македонија.
Богојески со овие аргументи тврди дека Охридската Архиепископија е од исклучително македонско историско и културно наследство, а бугарите немаат никакво право на неа. Ова е најдобар начин за разобличување на бугарската лажна историја и пропаганда, која побара помош од Москва за бугаризација на Охридската Архиепископија.
Богојески смета дека московските измеќари во Македонија, по повик од нивните газди од Русија се активираа и започнаа со потписи на т.н. Декларација за да спречат враќање на Охридската Архиепископија во Македонија, да спречат издавање на Томос за возобновена ОА во лицето на МПЦ – ОА, под скиптарот на охрискиот и македонски Архиепископ Стефан.
Тие под закрилата на паролата да го зачуваме името на МПЦ – ОА само извршуваат најголемо предавство на самата МПЦ – ОА и дејствуваат по налог на газдите од Москва, несвесни дека дирекно им помагаат на бугарите да ја земат ОА за своја Црква.
Дел од нив, кои се на платен список на руските служби, секако тоа свесно за пари го одработуваат и зеведуваат многумина несвесни чесни Македонци.
Богојески истакнува дека Томосот од Цариград може да носи само еклистичко / црковно име за возобновената Охридска Архиепископија, но никој не може да го смени името на МПЦ – ОА кое е утврдено во Статутот на нашата света Црква, донесен од македонски црковно – народен Собор.
„Да го завршиме процесот на целосно признавање на МПЦ – ОА и враќање на древните Охридска Архиепископија и Јустинијана Прима дома, каде им е местото, во нашата Македонија“ – изјавува Богојески.