Судот вчера им изрече парична казна во износ од 300 евра и мерка протерување од земјава и забрана за влез во државата за период од три години на тројцата бугарски државјани, кои беа приведени денеска на граничниот премин „Деве Баир“ поради нарушување на јавниот ред и мир.
Бугарските државјани, 35-годишниот Г.З., 50-годишниот А.Х., и 54-годишниот Р.Х (54), како што соопшти МВР, биле приведени околу 12:45 часот откако се однесувале дрско и недолично и прво вербално, со најпогрдни зборови, а потоа се обиделе и физички да нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства.
На преминот „Деве Баир“, на нашата граница кон Бугарија од утрото беа воведени засилени полициските контроли, поради најавите за доаѓање на организирани групи бугарски државјани за посета на гробот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, на одбележување на 151-та годишнина од неговото раѓање.
Во еден период од денот, поради пад на системот за контрола на граничниот премин „Деве Баир“ за влез во земјава се чекаше неколу часови.