Поглед:
45
Бандата Ротакс. Не бандата Ролекс, туку меѓународна банда специјализирана за кражба на уште поскапоцени предмети: моторите за иранските дронови што ги користеа Русите во бомбардирањето на Украина.
Испитувањето на дронот кој беше соборен со далечински управувач го потврди сомнежот на меѓународното разузнавање: тие се опремени со мотори Ротакс, направени од австриска компанија. Единствениот Мохаџер 6 кој паднал во море во близина на Одеса, бил извлечен неоштетен и го имал моделот 912. Пред да се појават фотографиите, компанијата веднаш покренала внатрешна истрага:
„Никогаш не сме ја овластиле продажба на Иран или Русија и за ова отворивме истрага за откривање на потеклото на моторите“.
Фирмата, која е контролирана од Canadian Bombardier Recreational Products, тврди дека отсекогаш ги почитувала санкциите: единствените познати испораки за Русија биле пред окупацијата на Крим.
А во исто време нивните мотори се примнети во американските беспилотни летала „Предатор“ и во израелските дронови „Херон“: два бестселери.
Па, како Иранците го добиле Ротаксот? Специјализираната страница Warzone поставува вознемирувачка хипотеза: тие можеби биле украдени од софистицирана банда, а потоа тајно извезени во Техеран.
Всушност, австриските мотори со сто коњски сили се користат и за мали, ултралесни авиони, управувани од ентузијасти од целиот свет. И со години се мета на неверојатен синџир на кражби, извршени со професионалност и умешност.
Ваквите бројни кражби ја поттикнаа компанијата да стави на Интернет податоци за украдените машини, со цел да го попречи нивниот прием: списокот вклучува 130, од кои речиси сите исчезнаа во Европа, но постои верување дека тоа е делумна листа.
Рекордот е забележан во Обединетото Кралство со 36 плен и не случајно Лондон ја доверил истрагата на разузнавачки тим. Дури 31 исчезнале во Германија. А уште 27 се украдени во Италија.