-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

КАКО ДОМА: Сите затвореници во Струга си имале клуч од ќелиите

ТОП ВЕСТИ


Некаде имаат базени, а некаде и се чувствуваат како дома, па и си имаат и клучеви од своите ќелии.


Таков пример е и затворот Струга каде тимот за мониторинг на Хелсиншкиот комитет и на Здружението на Млади правници не успеале да влезат во една од ќелиите во затворот во Струга, бидејќи затворениците ја заклучиле и си заминале на работа, а затворската полиција во тој момент немала резервен клуч.

Директорот на затворот, Ваљон Ќуља за Фокус вели дека пропустот е надминат веќе следниот ден, и клучевите комплетно биле предадени кај затворската полиција.

„Се работи за редовна посета од Хелсиншкиот комитет реализирана во јули 2022. При посетата тимот ги посети и собите каде престојуваат осудените лица. За сите соби осудените лица се задолжени со клуч, а резервниот стои кај затворската полиција. Две од собите биле заклучени, а во моментот поради случаен пропуст резервните клучеви не биле кај дежурните затворски полицајци“, појаснува директорот Ќуља за Фокус.

Ваквата состојба беше посочена во извештајот на Хелсиншкиот комитет за условите во затворот.

Од таму велат дека не можат да откријат кои осуденици биле сместени во ќелијата која била заклучена, но секако дале препораки дека не смее на тој начин да се ограничува влезот за претставниците на граѓанскиот сектор, односно затворот не смее да дозволи лицата осуденици кои работат надвор од установата да имаат клуч, а установата да не располага со резервен.

Инаку, за време на посетата која била извршена кон крајот на јули во затворот беше сместен и бизнисменот Орце Камчев, како и Зоран Милевски -Кичеец, а подоцна беа спроведени и Сашо Мијалков и Ненад Јосифовиќ.

Извор: Фокус

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО