Поглед:
19
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска на Советот на Град Скопје го нападна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Таа дрско го нападна Мицкоски и вели дека се крие и не сака да се појави.
„Кога лажете и мафтате со документи и ви се тресе рачето. Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука? Каде се крие Мицкоски? Имаме одговор?
Го нема никаде, се крие. Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни и храбри луѓе. Мицкоским за жал, не е еден од тие“, рече Арсовска.
Таа додаде за смената на директорот Златко Перински.
„Како до вчера бев најдобриот градоначалник, а сега кога им го фатив директорчето со рачето во медот, не чинам“, изјави Арсовска.