Денеска, во 19:05 часот на 112 во ЦУК е пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и Рафинирија ОКТА во Скопско.
Според пријавата, настанал како резултат на искрење на бандера и истиот се проширил на околната сува трева. На местото на настанот се екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје и припадници на Полицијата.
Се интервенира на негово целосно гаснење и во моментот, од пријавувањето до сега, нема опасност од негово проширување.