Исчезнат е Мелхим Азизоски од село Пласница.
„Од страна на лицето Јашар Азизоски е пријавено исчезнувањето на неговиот брат Мелхим Азизоски од село Пласница. Поради тоа Ве повикувам сите да се здружиме и да ги пребараме сите напуштени куќи и места на територија на општина Пласница.
Ако имате било какви сознанија обратете се на најблиските“, стои во објавата на градоначалникот Алија Јаоски.
Како што е познато, тој носел темно сино палто, елек црн, сиви пантолони и црни патики, а последен пат е виден околу 07:30 часот на 24.04.2023.
Доколку го видите пријавете во полиција или контактирајте го бројот 078-250-822!