3.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

Инфективното одделение во велешката болница е без греење

ТОП ВЕСТИ

Инфективното одделение од велешката болница е без греење. За ова предупредуваат дел од здравствените работници во оваа здравствена институција. Проблемот се провлекува со години. Пациентите се во ладни соби, каде температурата е ниска и иста како надворешната. И наместо со греење, се користат повеќе ќебиња пациентите да се стоплат, па поради тоа некои од нив и заминуваат дома, наместо да останат да лежат.


„Зградата на Инфективното одделение е стара, а со неа и инфраструктурата и инсталацијата. Поради тоа топлината која се дистрибуира до зградата попатно се губи и просторите се ладни. Дрвенаријата во зградата е стара. Не смее да се користат дополнителни грејни тела, бидејќи таму има боци со кислород и има опасност по околината и безбедноста. Беше предвидено и имаше обезбедено средства за да се започне со реконструкција на зградата во пролетта 2020-та година, но поради корона пандемијата целиот проект остана нереализиран“ – соопштија од болницата во Велес.


Од велешката болница побарале од надлежните во Министерството за здравство да им се предаде монтажната болница за користење и сместување на пациенти, но одговор не добиле. Сега таа стои празна и неискористена.

Таму моментално лежат двајца позитивни ковид-пациенти кои се на кислородна поддршка. На прашањата до Министерството за здравство кога ќе се реновира инфективното одделение и зошто не се користи монтажната болница, одговор засега нема.

Петар Печков

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО