-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

„И да дипломираат во никаквите услови, подоцна ќе сфатат дека не студирале за да работат како таксисти и ќе се иселат“, рече Пендаровски за студентите

ТОП ВЕСТИ

„Од деведесетите години па наваму студентите од време на време се бунат и со право за услувите во кои живеат и од време на време во условите во кои студираат“, рече претседателот Стево Пендаровски вечерва во интервју за ТВ24.


„И да завршат и да дипломираат во такви никакви услови низ студентските домови зборувам, понатаму на пазарот на трудот таков каков што е кај нас во Македонија прашање е колку ќе може да најдат соодветна работа или ќе работат како таксисти или фисикалци и на крајот и заради тоа кога ќе сфатат дека години и години им пропаднале во студирање за џабе ќе отидат надвор и ќе пробаат во струката да најдат работа, ако ништо повеќе“, изјави претседателот Пендаровски.


Тој рече дека секој политичар треба да ја разбере реченицата која според него била доста коректна за тоа дека политичари не сакаат да присуствуваат на протестите.

„Најлесно да го убиеш еден протест е да го обоиш политички или партиски, а порано сме имале и етнички“, додаде претседателот.

Пендаровски рече дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.

„Јас живеам на 100тина метри од студентскиот дом Стив Наумов. Ги знам условите. Но тоа е така од порано и ништо за жал системски не е променето“, беше дециден претседателот.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО