Звукот на камбаните во овие моменти го означуваат Христовото Воскресение. Вечерва на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква е објавено воскресението Христово.
Од вечерва верниците се поздравуваат со зборовите Христос воскресе – Навистина воскресе.
Со тоа православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.